Балетот е формализиран танц со потекло од францускиот двор,
подоцна развиен во Франција и Русија како концертна форма на танц.
Балетот е танц со висока техничка форма и сопствени изразни средства.
Првенствено се изведува со придржба од класична музика. Поради својата
техничка сложеност и естетска вредност, балетот се смета за
најпрестижна форма на танц, и поради тоа е прифатен ширум светот.
Балетските претстави се кореографирани и вклучуваат мимика, глума и се придружени со музика (обично оркестарска). Првобитната форма на балетот денес се нарекува класична, а покрај тоа постојат и нео-класичен и модерен балет.
Зборот балет потекнува од латинскиот ballare што значи танцување.
Класичниот балет е најформален балетски стил кој се придржува до традиционалната балетска техника. Според областа на потеклото, постојат варијанти како рускиот, францускиот, британскиот и италијанскиот балет. Методот Ваганова, именуван по Агрипина Ваганова како и методот Цечети, по Енрико Цечети се руски и италијански методи, односно потекнуваат од оригиналниот француски метод.
Класичниот балет е најпознат по неговите уникатни карактеристики и техники, како pointe work, turn-out of the legs и високите протегнувања; грациозните, течни, прецизни движења; и духовните квалитети.
Ако сакате да дознаете повеќе за историјата на балетот притиснете овде.